„Барби“ заработи неверојатни 1.03 милијарди долари!

од Nikola Popovski

Помалку од три недели од почетокот на прикажувањето, блокбастерот на сценаристката и режисерка Грета Гервиг „Барби“ заработи неверојатни 1.03 милијарди долари на светскиот пазар, соопшти продуцентската куќа „Ворнер Брос“.

На овој начин Гервиг влезе во аналите како прва жена режисер на филм кој заработил милијарда долари, објави „Си-Ен-Ен“.

Во оваа игра сум 30 години и феноменот Барби колку што е без преседан, толку и непредвидлив, изјави Пол Дергарабедјан, медиумски аналитичар во „Комскор“.

Тој изјавил дека само околу 50 филмови во историјата достигнале милијарда долари и додаде дека маркетиншката кампања на филмот бил прв предзнак дека „Барби“ ќе биде успешна на кино благајните.

Маркетиншката кампања за „Барби“ започна синџир на настани што доведоа до додавање на зборот „Барбенхајмер“ во популарниот лексикон, благодарение на заедничкиот датум на прикажување на двата филма. Тогаш сите знаевме дека се подготвува нешто многу посебно и дека тоа ќе биде многу поголем резултат од очекуваното, не само за првиот викенд, туку и за неговото глобално прикажување, рекол Дергарабедјан.

Глобалниот успех на „Барби“ беше поттикнат од силната продажба на благајните на некои од најголемите светски филмски пазари, вклучувајќи ги Велика Британија, Мексико и Австралија. Филмот е на врвот на тие пазари секој викенд откако е отворен.

За големиот успех придонесе и тоа што филмот одлично се снајде во Кина, вториот по големина пазар во светот, и покрај тоа што во последните неколку години станува сè поизолиран, пренесуваат западните агенции.

Слични содржини