“Педесет нијанси сива” даде шанса на читателите да ѕиркаат во светот на BDSM-садомазохистички секс во кој улогите се делат на доминантни и потчинети.f0a7792dc4ca885802daef41acc8b60c

Дали сепак авторката ја кажала целата вистина за овие секс игри или е во прашање фантазија?

Средбата меѓу Кристијан и Анастејша – За жал, веројатноста скромна и наивна девојка од Орегон да сретне американски милијардер кој сака да доминира во сексот, е еднаква на 0. Всушност одвај 2-3% од Американците практикуваат BDSM.

Првиот оргазам на Анастејша – Во книгата хероината го доживува својот прв оргазам само по 2-минутна стимулација на брадавиците. Реално се потребни околу 20 минути за една жена да достигне оргазам, а само 29% го добиле при игра со градите.

Неговата привлечност кон BDSM се добива од трауматично минато – Книгата навестува дека повеќето луѓе кои паѓаат на нестандарден  секс, добиле привлечност кон него поради трауматично минато. Ако се замисли човек, е крајно неверојатно жртвите на некое насилство да бидат возбудени од личност која има власт над нив и ги контролира.

Каков е профилот на еден маж, вовлечен во практиката BDSM – Овие мажи се помалку под стрес, поотворени во своите врски, се грижат за удобноста и мерките за безбедност на партнерката за време на сексуалниот чин и најчесто имаат поголеми финансиски можности од луѓето кои преферираат стандарден секс.

Префрлувањето од BDSM секс кон романтика – Во книгата се вели дека не може да се меша BDSM врска со љубовна / романтична врска. Само 5% од практикантите BDSM никогаш повеќе немаат традиционален секс, а 50% од учесниците во слични секс игри се силно вљубени во партнерката.

Слабост Vs Сила – Многу луѓе го разбираат односот на потчинет-доминантен сосема погрешно. Според нив доминантниот ја поседува целата сила и е манијак на тема контрола. Всушност контролата и моќта се во рацете на подредените, бидејќи нивните потреби се први, а и тој ги става ограничувањата. Доминантниот доживува задоволство ако гледа како потчинетиот се грчи од задоволство во неговите раце.

Слични содржини