Бебе кое е два дена старо, е најмладиот ковид пациент во земјава

Само два дена старо бебе, е најмладиот ковид пациент во земјава.

Оваа информација ја сподели директорката на Клиниката за детски болести, Д-р. Аспазија Софијанова која посочи дека ниту најмладите не се поштедени од евентуална зараза со Ковид 19, но вели, минуваат најдобро.

„Најмалото ни е новороденче старо неколку дена и тие не се поштедени, меѓутоа поминуваат најдобро“, истакна Аспазија Софијанова.

Софијанова исто така посочи и дека она што е поопасно од самиот вирус е пост-ковид фазата кај децата, односно дека не се знае кој орган може да биде погоден од вирусот и дали истиот ќе остави краткорочни или долгорочни последици.

На Клиниката за детски болести во Скопје во моментов се лекуваат околу 40-тина деца со нивните мајки.

Слични содржини