Бебињата изложени на загаден воздух во матката имаат поголем ризик од респираторни заболувања

од Stefanija Kuzmanovska

Истражувачите испитувале податоци од повеќе од 2.000 бремени жени во 10 канадски градови кои биле изложени на штетни загадувачи на воздухот, вклучувајќи PM2.5 и NO2.

Истражувањето спроведено во Канада покажа дека изложеноста на загаден воздух за време на бременоста го зголемува ризикот новороденчињата да развијат сериозни респираторни и имунолошки нарушувања. Истражувањето е потпишано од професори од Медицинскиот колеџ Пен Стејт, а го пренесе британскиот The Standard. Студијата е спроведена на примерок од 2.000 трудници во десет градови.

Како што е објавено, загадувачите кои ги вдишуваат бремените жени можат да навлезат во крвотокот и да ги оштетат не само крвните садови и дишните патишта на жените, туку и фетусот. Загадувањето на воздухот може да му наштети на развојот на белите дробови и имунолошкиот систем и да предизвика ниска родилна тежина кај новороденчињата.

Еден од истражувачите, Чинтан Ганди, доцент по педијатрија на гореспоменатиот колеџ, навел дека изложеноста на мајките на загаден воздух за време на бременоста е познато дека е поврзана со долготрајни респираторни проблеми како што е астмата кај новороденчињата:

„Сепак, она што не го знаевме е дека изложеноста на мајките на загаден воздух може да предизвика сериозни респираторни проблеми кај бебињата набрзо по раѓањето“.

Слични содржини