Бектеши: Државата ќе излезе во пресрет на компаниите, ќе има ребаланс на буџетот

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши пред средбата со претседателката на ССК, Даниела Арсовска изјави ќе се излезе во пресрет на компаните и веќе се прават проценки  кога да се изготви ребелансот на Буџетот со што ќе се обезбедат средства за четвртиот пакет антикризни мерки.

Тој повтори дека ќе има ребаланс на буџетот, а одлука ќе се донесе следната недела, кога го очекува и предлогот од Министерството за финансии. Бектеши сепак не откри какви мерки од четвртиот сет за справување со економските последици од коронавирусот ќе бидат донесени.

Бектеши најави дека главно ќе се работи за даночни олеснувања и директни субвенции за претпријатијата, особено од секторите кои се најмногу погодени и кои се уште немаат дозвола за работа од државата.

Претседателката на ССК Данела Арсовска пред средбата со министерот за економија Крешник Бектеши, неопходно е државата да помогне за да преживее бизнисот, посебно фирмите кои во претходните години вложуваа многу.

„Состојбата е влошена, компаниите секојдневно запаѓаат во долгови, а не отпуштија вработени со надеж дека ситуацијата ќе се подбри“, истакна Арсовска и дополни:

„Бараме изготвување протоколи за работа за сите дејности без исклучок, овозможување побрз проток на границите и задржување на постојните или склучување нови договори за извозно ориентираните компании и финансиски пообемна поддршка со претстојниот четврти пакет економски мерки“.

Слични содржини