Бектеши: Недела да остане работен ден за угостителите

Засега нема потреба од никакви измени,е ставот на министерот на економија, Крешник Бектеши, по разговорите со угостителите и компаниите од туристичката дејност, врзани за предлогот недела да биде неработен ден.

„Во моментот сме пред крај со анализата, ќе отвориме дискусија, а секако дека и овој меморандум за соработка ќе придонесе бизнис заедницата да даде свој придонес“, истакна Бектеши.

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Неби Хоџа пак, посочи дека имале состанок во петокот заедно со заменик премиерот за економски прашања Битиќи, како и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Потенцира дека на истиот состанок било дискутирано, дел од бизнисите кои работат активно во викендите да можат да си ја вршат дејноста, но секако да се внимава на тоа секој вработен да има еден слободен ден во текот на неделата.

Инаку, денес Бектеши и Хоџа го потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу СКСЗМ и Министерството за економија.

 

loading...

Слични содржини