Бербок: Финска и Шведска ќе го зајакнат НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок оцени дека повлекувањето на Турција од блокадата на НАТО и членството на Финска и Шведска ги осуетиле плановите на претседателот на Русија за поделба на воениот сојуз.

Бербок за ЗДФ посочи дека најважно е јасно да се стави до знаење дека во НАТО има единство.

Според неа, Финска и Шведска се силни либерални демократии со силни армии, а нивното членство ќе го зајакне НАТО.

Слични содржини