Берлускони денеска ја напушта болницата во Милано по 44 дена хоспитализација

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска ќе биде отпуштен од болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат италијанските медиуми.

Лидерот на Форца Италија беше хоспитализиран на 5 април и ќе го напушти болничкиот оддел по 44 дена хоспитализација, пишува весникот „Месаџеро“.

Утрово новинарите почнаа да се собираат пред капијата на болницата за да го пречекаат Берлускони.

Слични содржини