Беше најблискиот соработник на Трамп: Мајк Пенс оддржа проштален говор (ВИДЕО)

Поранешниот потпретседател Мајк Пенс стана емотивен за време на прошталниот говор во Индијана во кој му се заблагодари на Доналд Трамп и рече дека ќе го напушти Вашингтон и конечно ќе се врати во Индијана на лето.

Говорејќи пред најмалку 60 луѓе на аеродромот Колумбос, Пенс рече: „Јас веќе и ветив на Карен (жена ми) дека ќе се вратиме во Индијана ова лето“, додавајќи: „Ниту едно место не е како дома“.

Пенс зборуваше на подиумот, можеа да се видат и транспаренти: „Врати се повторно дома“, а пред неговиот говор се слушна и песната „Врати се дома во Индијана“.

Пенс исто така му се заблагодари на претседателот Доналд Трамп што му дозволи да и служи на земјата.

– Дозволете ми да одвојам момент да им се заблагодарам на претседателот Трамп и Меланија за сè што направија за да ја направат Америка повторно голема. Јас секогаш ќе бидам благодарен за можноста што ни ја дадоа да служиме и начинот на кој ни дозволија да го смениме животот на оваа нација – рече Пенс.

Слични содржини