Без изненадување во изборот за бр.1 во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Карим Бензема ја доби наградата за најдобар играч на сезоната на УЕФА за минатата сезона во Лигата на шампионите. Најголем придонес за триумфот на „белите“ има напаѓачот на Реал Мадрид кои во саботата ја освоија 14-тата титула.

Французинот на турнирот постигна вкупно 15 гола, од кои 10 во елиминациската фаза.

Бензема пропушти само еден од 13-те натпревари на Реал во турнирот.

Тој ја наследува наградата од Жоржињо од Челси, кој беше број 1 минатата сезона.

Победникот го одредува експертска група фудбалски стручњаци, вклучувајќи поранешни играчи и тренери.

Слични содржини