„Ѓаволскиот базен“ се наоѓа на врвот на Викториините водопади, кои се највисоки во светот, а сместени се на границата меѓу Замбија и Зимбабве.

До базенот се стигнува само од страната на Замбија, а во него може да пливате само од септември до јануари, кога нивото на водата е најниско.
Викториините водопади се на листата на УНЕСКО за светско наследство од 1989 година, а базенот на нивниот врв е дополнителна атракција, затоа што за време на капењето може да гледате во длабокиот амбис.

На вакво место треба и дополнителна сигурност, инаку сигурно некој турист би завршил на дното на водопадите, па затоа има природна бариера која на пливачите не им дозволува да паднат надолу во повеќе од 100 метри длабоките водопади.