Бибер: Вархеји направи огромна грешка со изјавите за одвојување, земјите-членки се фрустрирани од Бугарија

од Nikola Popovski

„Во моментов не знам кој е задолжен за проширувањето во ЕУ. Не е јасно дали е тоа Вархеји“, изјави луксембуршкиот универзитетски професор, историчар и експерт за Балканот, Флоријан Бибер, во вклучување во емисијата „Клик плус“.

Според него, Европската комисија зборувала со многу различно тонови и таа е лошо управувана во моментов.

„Сметам дека има поставено погрешни луѓе на функциите“, вели Бибер.

Тој смета дека Вархеји со изјавата за одвојување на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ, или се обидел да направи нешто, да тестира или направил огромна грешка.

„Ова е лош момент да се одвојат земјите и мислам дека нема да помине“, потенцира Бибер.

Тој смета дека голем број земји-членки ги искажале своите фрустрации кон Бугарија, поради нејзиниот однос кон С. Македонија.

„Бугарија има помалку симпатии од Грција во ЕУ, бидејќи ја намета оваа позиција кон Македонија од никаде“, вели професорот и додава дека дури откако Германија и Бугарија ќе имаат стабилни влади, тогаш може да се очекува поместувања во дијалогот со Македонија.

Слични содржини