Биди одговорен возач- не користи мобилен телефон, превентивна активност на СВР Охрид и РСБСП

од Radmila Tasevska

Денес (10.01.) од страна на полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Охрид, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид и Полициското одделение за БПС – Струга, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата, на подрачјето на Охрид и Струга, беше спроведена сообраќајно едукативна акција под мотото – „Биди одговорен возач-не користи мобилен телефон“.

На учесниците во сообраќајот им беше укажувано дека користењето на мобилен телефон додека се управува моторно возило е опасно и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Исто така, на возачите им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП со корисни совети за учесниците во сообраќајот.

Слични содржини