Бифтек со овошен сос

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 400 гр бифтек

– 2-3 лажички сенф

– 1 лажица крупно мелен бибер

– неколку листови рузмарин

– крупна морска сол

– 100 гр сува брусница (можете да додадете друго овошје кое ви се допаѓа во комбинација со солено)

– 2 лажици кафеав шеќер

– 1 лажица мед

– 3 супени лажици сок од лимон

– 10 гр путер

– 10 гр сечкан ѓумбир

– гранче рузмарин

– маслиново масло

– варен ориз (компир) како прилог

Подготовка:

Валкајте го бифтекот во масло, сенф, рузмарин и бибер од сите страни. Најдобро е да се посолува по печењето.

Запечете го на тава, па се ставаат во рерна 7-8 минути на 180 степени.

Брусниците со шеќер, мед и малку вода се ставаат да се загреат и се варат. На половина пат додадете путер, лимон и зачини, па варете уште малку. На крајот, кога ќе замириса, можете да ги сомелете со блендер и да го прелиете сосот на готовото месо.

На страна послужете ориз или друг прилог по ваш избор (компир, пире).

Слични содржини