Бијонсе ги истакна облините во долг, тесен фустан

Познатиот рапер Паф Диди, овој викенд го прослави својот 50. роденден.

На неговата роденденска забава се собраа голем број познати личности од светот на шоубизнисот, но Бијонсе ги стави сите нив во втор план, со својот предизвикувачки и многу ризичен фустан.

Пејачката на прославата дојде заедно со сопругот Џеј Зи, а носеше црн фустан без ракави и со најголем рез кој некогаш сте го виделе, а беше пресечен преку нејзините бедра. Фустанот во преден план ги истакна нејзините раскошни облини, а пејачката морала да го внимава секој чекор за да открие премногу.

View this post on Instagram

Happy Birthday Diddy!

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Со светликавиот сребрен детаљ на фустанот, во облик на снегулка, на забавата таа донесе и здив од божикниот дух. Гламурозниот стајлинг го надополнила со ракавици, сребрена торбичка, едноставни црни сандали и светкав накит.

Освен Бијонсе, на забавата погледи се вртеа и кон Кардашијан- Џенер. Кајли исто така носела фустан со опасно висок рез и длабоко деколте, додека Клои под златното сако не носела ниту маица, ниту градник.

View this post on Instagram

date night

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

Слични содржини