Филантропот и коосновач на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, изјави дека е изненаден од бројот на, како што вели, „лудачки и злонамерни“ теории на заговор за него, кои се шират на социјалните мрежи за време на пандемијата на коронавирус.

Во денешното интервју за „Ројтерс“, Гејтс рече дека би сакал да размисли што всушност стои зад ваквите обвинувања и констатираше дека зад милиони објавувања на социјалните мрежи против него и американскиот инфектолог Ентони Фаучи за време на пандемијата, се чини дека постои страв од инфекцијата во комбинација со проширување на социјалните мрежи.

„Кој би помислил дека д-р Фаучи ќе биде мета на такви, навистина малициозни теории. Многу сум изненаден и се надевам дека тоа ќе престане“, рече Гејтс.

Меѓу бројните теории на заговор против Гејтс и д-р Фаучи, најзастапената е дека пандемијата е намерно испровоцирана со цел да се воспостави контрола над населението и да се извлече финансиски профит, и дека вакцината треба да се користи за инјектирање на луѓе со микрочип за следење и контролирање на движењето.

Слични содржини