„Билд“: Нагелсман го менува Флик на клупата на Баерн

од Vladimir Zorba

Талентираниот тренер на Лајпциг, Јулијан Нагелсман, ги договорил условите со Баерн, кој ќе го преземе на крајот на сезоната, пренесе „Билд“.

Како што беше познато од претходно, Ханси Флик ќе го напушти Баерн на крајот од сезоната и најверојатно ќе го преземе кормилото на германската репрезентација.

Нагелсман има само 33 години, но веќе докажа дека е еден од најдобрите тренери во Европа.

Лајпциг е второпласиран тим во германскиот шампионат оваа сезона, а во нокаут-фазата од Лигата на шампионите беа сопрени од Ливерпул.

„Билд“ пренесе дека Баерн и Нагелсман се договориле за личните услови во врска со договорот и дека остануваат само мали детали за крајот на преговорите.

Нагелсман ќе го преземе тимот на крајот на сезоната, а Баерн ќе мора да издвои околу 30 милиони евра со цел младиот стручњак да го раскине договорот со тимот на Ред Бул, кој истекува во 2023 година.

Талентираниот тренер претходно го водеше Хофенхајм три сезони.

Слични содржини