Битиќи: Социјалдемократските вредности ги живеам секој ден, чест ми е и благодарен сум за довербата

од Vladimir Zorba

„Социјалдемократските вредности ги живеам секој ден. Чест ми е и благодарен сум за довербата од претседателот Зоран Заев, истите, да продолжам да ги ширам и надградувам како потпретседател на најголемата и најпрогресивната партија во земјава“, сподели новиот претседател на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Тој упати честитки за избраните членови во надзорниот, извршниот и централниот одбор, Сања Лукаревска која е новата заменик претседателка, реизборот на Љупчо Николовски како генерален секретар на партијата а и на моите колеги, сопартијци, потпретседателите Мила Царовска, Оливер Спасовски и Венко Филипче.

„Заедно со Марко Михајловски кој е претседател на нашите млади социјалдемократи, Бојан Маричиќ како секретар за меѓуародна соработка,
Мартин Попов кој денеска беше избран за нов организационен секретар и сите членови на СДСМ кои се јадро на вредности и храброст, продолжуваме со работа и уште посилни успеси!“, додаде Битиќи.

Слични содржини