Биткоинот повторно руши рекорди

од Stefanija Kuzmanovska

Пазарната капитализација на биткоинот повторно се искачи на над трилион долари, а цената на биткоинот се искачи на 56.000 долари.

Пакетот стимулации се очекува да има позитивно влијание врз биткоинот (и секако на преостанатите криптовалути) поради три фактори.

Лудо печатење пари може да го загрози американскиот долар како резервна валута и да ја зајакне моќта на биткоинот, кој се смета за дигитално злато.

Исто така, расте загриженоста дека ќе се појави инфлација и биткоинот може да биде безбедно прибежиште.

И трето: парите што Американците ќе ги внесат на нивните сметки сигурно ќе одат за криптовалути, кои – соочени со постојаната побарувачка на институционалните инвеститори – ќе ја зајакнат побарувачката.

Слични содржини