Маж без пенис се товари за сексуален напад бидејќи измамил две жени и користел „непознат предмет“ за да пенетрира во нив, додека имале секс во темница. Мажот веднаш е внесен во регистерот на сексуални престапници.

Карлос Делакруз (35) од Шкотска бил во врска со две жени и се товари дека лажирал сексуален однос со нив, користејќи непознат предмет наместо полов орган.
И двете жени се пожалиле на „силна болка“ за време на сексуалниот однос со него и потоа дознале дека се заразени од кандида.
Делакруз, одбивал жените да го видат гол и секогаш имале секс со изгаснато светло, во темница.
Пред судот во Единбург, Обвинителството рече дека двете жени чии идентитети не беа објавени од правни причини, биле шокирани кога дознале дека Делакруз нема пенис и дека тој пенетрирал во нив со непознат предмет.
Делакруз призна дека го направил тоа без нивно знаење и без дозвола.
Тој бил во врска со двете жени во ралични периоди од 27 мај, 2013 до 14 мај, 2017 година.
Со едната жртва бил во врска од мај, 2013 до јануари, 2016 и прв пат имале секс во мај, 2013.
„Жртвата верувала дека тој пенетрира во неа со пенис. Обвинетиот нема пенис. Знаела дека тој има ниска самодоверба во врска со својот изглед и сеогаш носел долга маица. Во една прилика, обвинетиот бил во кревет со жртвата, се свртел со грб и таа го слушнала како отвора кондом. Потоа пенетрирал во неа. За време на сексот тој секогаш се држел за основата на пенисот“, рече обвинителката Кирстен Кокберн.
Таа додаде дека жртвата рекла дека имале секс околу еднаш месечно, иако доживувала „екстремна болка“ за време на односот и смеела да го допре само преку облека.
Во текот на врската, жената верувала дека тој има пенис, рече Кокберн пред судот и додаде дека жртвата имала симптоми на кандида по сексуалниот однос со Делакруз.
Двајцата раскинале во јануари, 2016 и во мај истата година жената го пријавила Делакруз во полиција откако дознала дека ја лажел и дека нема пенис.
Делакруз почнал нова врска со втората жена во август, 2016 и по два месеци врска почнале да живеат заедно.
Втората жртва исто така верувала дека Делакруз има пенис и секогаш имале секс во темница. И таа исто така доживувала силна болка за време на сексуалниот однос со него, а првиот пат кога имале секс му рекла да престане бидејќи чувствувала силна болка и почнала да крвари.
Двајцата имале секс околу 10 пати во текот на деветмесечната врска и втората жртва исто така била заразена со кандида по сексуалниот однос со Делакруз.
Врската пропаднала во мај, 2017 година поради „финансиски проблеми“, а жената ја дознала бизарната вистина за Делакруз следниот месец и одлучила да го пријави во полиција.
Кокберн рече дека во разговорот со полицијата Делакруз не дал никакви коментари и дека по направениот лекарски преглед било утврдено дека нема пенис.
Пред судот не беа изнесени детали за полот на Делакруз. Уште не е одлучено по која основа ќе биде заведен во регистерот на сексуални престапници. Пресудата ќе му биде изречена во септември.