Блејк Лајвли сподели ФОТОГРАФИЈА во костим за капење два месеца по раѓањето на четвртото дете

од Stefanija Kuzmanovska

Блејк Лајвли се породи по четврти пат во средината на февруари, а речиси два месецa подоцна таа и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс се уште го кријат полот на четвртото дете.

Славниот пар не сака да го експонира семејството, па ни официјално не објави дека актерката се породила, но обожавателите на ѕвездата од серијата „Gossip Girl“ забележале дека на една слика актерката веќе нема труднички стомак.

Бидејќи Блејк е активна на социјалните мрежи, таа неодамна објави фотографија во костим за капење и ги воодушеви фановите со нејзиниот природен изглед.

„Нели штотуку се породи?“, „Добри гени“, „Како е да се биде вистинска божица?“, „Ти благодарам што си природна и нефотошопирана“, „Како изгледаш вака добро по четири деца?“, се само дел од коментарите на фановите.

Да потсетиме, Рајан и Блејк се во брак од 2012 година.

Слични содржини