Блумберг: Што Путин сака, но не добива засега од Ердоган

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Рускиот лидер сака специфични резултати за своето пријателство, а се чини дека турскиот претседател не му дал ветувања

1470976738-1470749861-31Преродбата се пријателство меѓу рускиот претседател и неговиот турски колега е чудна работа: Путин знае што сака од Ердоган и тој ја  измина својата половина од патот, но се уште не го добил, иако  има претерани демонстрација на пријателство од Ердоган. Ова го пишува Леонид Бершидски во анализа за агенцијата “Блумберг”.
Пред тоа тие беа во добри односи, но тоа траеше додека не беше соборен рускиот ловец Су-24, кој влезе накратко во турскиот воздушен простор од Сирија. Путин побара извинување, но турскиот претседател првично не сакаше да направи такво, па односите меѓу двете земји се влошија до состојба на студена војна и Русија воведе санкции против турскиот туризам, земјоделство и градежни компании. Ердоган, кој има малку пријатели на меѓународен план, очигледно беше загрижен од тоа: тој нареди на својот тим да се бара начин за помирување и така беше пронајден обиколниот  пат.
Весникот “Хуријет” соопшти дека началникот на турскиот Генералштаб работел со турски бизнисмен со сериозни врски во Дагестан, кои ги користел за да предаде писма за подготвеноста на Ердоган да отстапи. Пораката дошло до Кремљ преку водството на регионот. Одговорот се вратил по друг обуколдн  пат: амбасадорот на Казахстан во Анкара ја  информирале турската влада дека претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев разговарал со Путин и рускиот лидер требало да биде подложен да прифати пичано извинување , ако Ердоган го напише. Назарбаев  го одобри текстот на писмото, пред тоа да отиде до Путин.  Изгледа дека Путин  му наплати на Ердоган со не помалку добра волја. Не само што прифатил слабо реченото извинување, но беше и првиот кој рече , јавете му  се на Ердоган, кој преживеал по неодамнешниот обид за државен удар. Имаше и сеуште непотврдени извештаи, кои никогаш не беа обелоденети т официјално дека руското разузнавање беше го предупредило Ердоган за превратот. И сепак имаше видлива разлика во тонот меѓу двајцата лидери за време на нивниот состанок крај Санкт Петербург во вторникот. На завршниот прес кога  Ердоган  го нарече Путин “драг пријателе” не помалку од четири пати. Путин, ладно и без да се насмевнува , не направи ништо слично. Неговиот став може да е  резултат од деталите во домаќинството. Иако двајцата лидери јаделе во чинии, украсени со слика како тие се поздравуваат, разговорите се одржаа во грчката сала на Константиновскиата палата.
Јасната резервираност на Путин кон помирувањето беше повеќе од природно недоверба на човек кој бара целосна лојалност. Рускиот лидер сака специфични резултати за своето пријателство, а се чини дека Ердоган не му дал ветувања.
Препородот на рускиот туризам во Турција е важна за Ердоган, чија држава, според проценката на Русија, загуби 840 милиони долари за првите шест месеци од годината бидејќи Русите престанаа да доаѓаат. Така е и со крајот на ембаргото за домати и агруми. Русија ќе биде среќна да гради нуклеарна централа во Турција, како што беше договорено пред, и го поздрави напредокот на “Турски поток”, гасовод за испорака на руски природен гас до Јужна Европа преку Турција. Сите овие прашања беа дискутирани во Константиновската палата и споменати на пресконференцијата. Но не и доминантна во умот на Путин тема: најголемата игра која тој  ја води во моментов во Сирија.
На денот пред да се види со Ердоган, тој се состана со клучен сојузник во сирискиот конфликт – иранскиот претседател Хасан Рухани. Деталите за овие разговори не беа пријавени, но разговорот не би можеле да  ги избегне опсадата на Алепо, каде иранските сили и руските авиони му помагаат на сирискиот претседател Башар Асад да ја  одржува опсадата на бунтовничките сили.  Бунтовниците неодамна забележаа некои успеси во слабеење на опсадата, иако  не создадоа стабилен коридор за снабдување со Турција, од каде доаѓаат нивните оружје и провизии. Успешните напади врз трупите на сириската влада, предводена од “Џабхат Фатах ал-шам”, група која неодамна направи парадна  разделба со “Ал Каеда”, очигледно станаа можни благодарение на силна надворешна поддршка во форма на оружје, пари и снабдување кои доаѓаат од Саудиска Арабија и Катар, но поминуваат низ територијата на Турција. Конвоите кои го пренесуваат снабдувањето, продолжуваат непречено да  поминуваат  низ турската граница, откако Ердоган му се извини на Путин и Путин му се јави по превратот.
На “драг пријателе” Владимир треба да му било тешко да разговара ентузијастички со турскиот лидер.  Бунтовничките сили во Алепо едвај ќе ја  победат сириско-иранско-либанско-руската коалиција, дури и само поради фактот дека најсилната група меѓу нив “Фатах ал-шам”, порано позната како “Фронтот ал-Нусра”, нема меѓународна поддршка и на нејзино место  е предложено друго место на масата за мировни преговори. Таа ги користи бомбаши самоубијци за напади врз владини позиции и е џихад сила. Но релативниот успех на “Фатах ал-шам” во сегашните борби создава тешкотии на Путин да ја постигне својата цел и да докаже дека нема добра алтернатива на Асад.
Во Константиновската  палата Путин би требало да му кажал на Ердоган, како правел нполседниот  пат дека Асад е законскиот владетел на Сирија и поддршката за него е исто така  беше поддржан  на Ердоган против превратаџиите. Но никој од лидерите не очекуваше средбата да доведе до пробив по прашањето за Сирија: Дискутирање на ова прашање беше предвидено да се одржи по пресконференцијата, бидејќи и Путин, и Ердоган знаеја дека немаат што да кажат јавно.  При целата антизападна реторика,  се подгрева неподготвеноста на САД да го екстрадираат неговиот непријател Фетхуллах Гулен и одбивањето на ЕУ да отстапи со обезбедување на безвизно патување на Турците во Европа, интересите на Ердоган во Сирија не одговараат на оние на Путин. Тој сеуште сака успех на бунтовниците против Асад и против сириските Курди, против кои се борел “Фатах ал-шам”.
Поплаките од Запад можат да ги обединат Путин и Ердоган како двајца огорчени, амбициозни и авторитарни владетели, но тие не се доволно за создавање на платформа врз која може да се изгради нов сојуз во сириската војна, кој реално ќе ја  уништи припадноста на Турција кон Организацијата на Северноатлантскиот договор.  Путин би сакал Ердоган да ги премине испораките за бунтовниците, но тоа можеби е повеќе отколку што турскиот претседател сака да направи за својот “драг пријател”. Наместо тоа, турскиот претседател би можел да испрати многу домати, а турските хотели можат да склучат големи зделки за руски туристи во крајот на оваа сезона.