Бојаровски: Ако има мнозинство за јавните кампањи, треба да има и за советите на НРТ и ААВМУ

од Vladimir Zorba

Најавата за иницијативата во Собрание за укинување на членот 102 од Законот за аудио и аудио-визуелни услуги за да се се овозможи медиумска афирмација на кампањите од јавен интерес, го отвори прашањето дали, ако за бришење на „102“ веќе има договорено двотретинско мнозинство, зошто тоа обезбедено мнозинство не се искористи и да се направи конечно избор на новите состави на Програмскиот совет на Националната радио-телевизија (НРТ) и на Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги (ААВМУ).

На 21 ноември светот го одбележа Светскиот ден на телевизиите. Не дека нешто одбележувањето на овие „светски денови“ многу ги потресува луѓето, но често пати се повод да ги провериме податоците и трендовите за темите што се определени како „светски“ и дали уште го имаат значењето кое го стекнале со оваа „титула“.

Во пораката на ОН за оваа година се вели дека „телевизијата продолжува да биде најголем дистрибутер на видео содржини“, но дека „создавањето, објавувањето и пренесувањето овие содржини на интернет и социјалните мрежи налага интеракцијата помеѓу новите и традиционалните форми на емитување создава одлична можност да се подигне свеста за важните прашања со кои се соочуваат нашите заедници и нашата планета“.

Ете така изгледа тоа од таа глобална перспектива. Но, на локално ниво, односно во реалноста, особено во нашата земја е малку повеќе различна, а во некои трендови може да се каже дека се случуваат многу индикативни процеси кои заслужуваат внимателно читање и толкување.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини