Богоев: Само на ВМРО во Македонија и ВМРО во Бугарија не им е по ќеиф тоа што ЕУ призна чист македонски јазик

од Nikola Popovski

Само на ВМРО во Македонија и на ВМРО во Бугарија не им е по ќеиф тоа што ЕУ призна чист македонски јазик, порачува потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, осврнувајќи се денешната изјава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во однос на Договорот на земјава со Фронтекс.

Тој вели дека „за Бугарите ми е јасно, ама нашиве на чело со Мицкоски навистина не ги разбирам“.

-Извинете се што ги лажевте граѓаните дека јазикот ќе биде “Бугарски дијалект” и дека се случува “бугаризација, па потоа честитајте. Ова е одлично за државата и за идните генерации. Радувајте се, не значи ако е успех на владата на СДСМ дека вие не смее да се радувате, истакнува Богоев.

Слични содржини