„Ројтерс“: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина со тоа што ќе се согласи на прекин на огнот со кој се признаваат сегашните борбени линии, изјавија четири руски извори за Ројтерс, додавајќи дека Путин е подготвен да ги продолжи борбите доколку Киев и Западот не одговорат позитивно.

Тројца извори запознаени со дискусиите во придружбата на Путин изјавија дека рускиот лидер изразил фрустрација на мала група советници поради, како што смета, обидите на Западот да ги попречат разговорите и одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги отфрли разговорите, објави Ројтерс во текстот претставен како ексклузивен.

„Путин може да се бори онолку долго колку што е потребно, но Путин е подготвен и за прекин на огнот – да ја замрзне војната“, изјави висок руски извор, кој соработувал со Путин и има познавање за разговорите на највисоко ниво во Кремљ.

Тој, како и другите цитирани извори во оваа приказна, зборува под услов да остане анонимен поради чувствителноста на темата.

„Ројтерс“ разговарал со вкупно пет луѓе кои работат или работеле со Путин на високо ниво во политичкиот и деловниот свет. Петтиот извор не го коментираше замрзнувањето на војната со сегашните фронтови.

Слични содржини