Болтон: Дискутиравме за поделба на Косово!

од Vladimir Zorba

Советникот за национална безбедност на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп – Џон Болтон изјави дека се уште не е познато каков став има администрацијата на сегашниот американски лидер Џозеф Бајден кон Балканот и додаде дека договорот од Вашингтон е мртов доколку премиерот на Косово, Албин Курти не е заинтересиран за тој договор.

– Ако не е заинтересиран за него, тогаш тој е мртов. Ова е основното правило за преговори, мора да имате две страни кои сакаат да се договорат за нешто. Главната работа е улогата на САД во конфликтот Косово-Србија или кој било друг – рече Болтон за „Косово Онлајн“.

На прашањето дали идејата за размена на територија меѓу Белград и Приштина дефинитивно е одбиена и дека во претходниот период има многу „нон-пејпери“, Болтон рече:

„Можам да ви кажам дека како советник за национална безбедност разговарав со Тачи и претседателот Вучиќ и дека беше разгледана и дискутирана можноста за мала територијална корекција. Ако можеме да го надминеме распадот на Југославија во 1991 година, и знам дека историјата се враќа многу подолго од 30 години, тогаш тоа би можело да биде дел од поголем пакет што ќе не доведе до решение. Ако луѓето не сакаат да зборуваат за територијална корекција, по дефиниција отстранувате една можна компонента на решението и ги стеснувате опциите за решение, а по дефиниција создавате ситуација во која е потешко да се најде решение. Косовската влада има целосно право да каже дека не сака да разговара за територијална корекција, но мислам дека тоа практично значи дека нема да има напредок во преговорите“.

Слични содржини