Бомбаш самоубиец се разнесе пред зградата на МНР во Кабул – загинаа најмалку 20 луѓе

од Radmila Tasevska

Бомбаш самоубиец, кој денес се разнесе пред талибанското Министерство за надворешни работи во Кабул, уби 20 лица, изјави Фаридун, претставник на талибанското Министерство за информации.

Тој додаде дека бомбашот се обидел да влезе во министерството, но не успеал. „Во самоубиствениот напад загинаа 20 луѓе, а многумина се ранети“, изјави Фаридун, пренесува Ројтерс.

Фотографиите од областа, потврдени од официјални извори, покажуваат расфрлани тела на луѓе кои биле или убиени или ранети. Експлозијата се случила околу 16 часот по локално време, изјави портпаролот на полицијата Халид Задран.

Слични содржини