Бомбици со ореви и сливи

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 8 суви сливи

– 2 лажички рум

– 20 гр сечкани ореви

– 125 мл слатка павлака

– 185 гр исечкано темно чоколадо

– 30 гр растопен путер

– какао во прав

– 1 лажица цимет

Подготовка:

Во помал сад ставете ги сливите, прелијте ги со рум и оставете ги да отстојат околу два часа.

Загрејте ја павлаката во помал сад додека не зоврие.

Додадете го чоколадото и тргнете го од оган. Покријте и оставете да отстои пет минути.

Добро измешајте ја смесата додека не стане мазна. Додадете путер и повторно измешајте.

Извадете ги сливите од румот и додадете го румот во чоколадната смеса.

Измешајте ги сечканите ореви и сечканите сливи, па оставете ја смесата да се излади додека не се стврдне.

Од изладената смеса формирајте бомбици и валкајте ги во какао прав измешано со цимет.

Слични содржини