Актуелниот Џејмс Бонд, толкуван од австралискиот актер Даниел Крег, пие најмногу во споредба со сите свои претходници.4425150

Во секој филм ликот на Крег пие по 20 чашки алкохол, што е рекорд за целата историја, откако постои киносагата за агентот 007. Според пресметките на фановите порано Бонд пиел не повеќе од 11-12 чашки на филм. Агентот 007, првпат толкуван од сер Шон Конери и Сер Роџер Мур, пиел по 11 чашки алкохол, а Бонд на Пирс Броснан – по 12.

Агентот на Нејзиното Височество бил најголем трезвеник во 80-тите години на XX век, кога на два пати во неговата кожа влегува Тимоти Далтон. Тој пиел во просек по 4,5 чашки.

Даниел Крег дебитира како Џејмс Бонд во 2006 година со филмот “Казино Ројал”, од тогаш досега тој се снимал вкупно во четири епизоди, а последната ќе излезе на големиот екран во најскоро време.

Слични содржини