Борбен авион Ф-16 удрил во зграда, има повредени (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Додека утрово се подготвувал за полетување, еден белгиски борбен авион Ф-16 ја погодил зградата на холандската воздухопловна база Левуарден. Две лица беа повредени, потврдија холандските и белгиските воени власти.

Инцидентот во воената воздушна база Ливурден не предизвика пожар или експлозија, беше објавено од командата на холандските воздухопловни сили, а сè уште не е целосно јасно што го предизвика овој инцидент, пренесува АП.

Истрагата е во тек.

Слични содржини