Борел: Русија мора веднаш да се повлече од Украина

од Milan1

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека Русија мора веднаш да ја прекине војната, да се повлече од Украина, а Белорусија, дека веднаш мора да престане да учествува во таа агресија.

„ЕУ е обединета во обезбедувањето силна поддршка за Украина и нејзиниот народ. Ова е прашање на живот и смрт“, рече Борел, нагласувајќи дека подготвува пакет итни мерки за поддршка на украинските вооружени сили во нивната борба.

Кремљ и неговите сојузници започнаа масовна кампања за дезинформација, рече Борел во авторскиот текст текст за Политика, додавајќи дека пропагандистите на Кремљ ја нарекоа интервенцијата специјална операција.

Слични содржини