Босанец украл 133.000 евра од компанија во Хрватска, купил биткоини и станал милионер

од Nikola Popovski

Општинското државно обвинителство во Вараждин обвини државјанин на БиХ (26) дека измамил компанија од Лудбрег пред три години. Тој со измама зел малку повеќе од 100.000 евра од таа компанија и купил биткоини, кои денес вредат повеќе од милион евра.

Тој создал лажна банкарска страница на компјутерот на компанијата од Лудбрег, во која компанијата имала отворена сметка. Откако дошол до ПИН-от, направил две трансакции со кои си префрлил милион куни (133.400 евра) на сметка.

Потоа купил крипто -валути, односно 22 биткоини, кои денес вредат околу еден милион евра, пренесува „Вечерњи лист“.

Купената сума ја потврди и Окружното државно обвинителство во Вараждин,а како што велат, станува збор за државјанин на БиХ кој е недостапен за хрватското судство.

Слични содржини