Божик во чаша: Греано вино по рецептот на Џејми Оливер

Потребно:

2 мандарини
кора од еден лимон
кора од една лимета
250 гр шеќер
6 каранфилчиња
стапче цимет
3 свежи ловорови листови
1 мускатно оревче
1 парче ванила
2 ѕвезди анасон (или анасон во прав)
2 шишиња црвено вино

Подготовка:

Во голем лонец ставете шеќер и додајте ги корите да се греат на лесен оган во сок од исцедените мандарини. Додајте го каранфилчето, цимет, ловоровиот лист и изренданото мускатно оревче. Додајте ја ванилата пресечена на пола и додајте го виното, да го покрие целиот шеќер.

Оваа смеса нека се крчка се додека шеќерот во потполност не се растопи, па потоа појачајте го огнот и чекајте додека не врие.

Оставете да врие 4-5 минути додека не се претвори во густ сируп. Кога сирупот ќе стане густ, намалете го огнот и додајте ананасон и остатокот од виното. Грејте го виното околу 5 минути, а потоа послужете го во шолји.

Слични содржини