Брачна криза на Натали Портман: Нејзиниот сопруг ја изневерил со 25-годишна девојка

од Vladimir Zorba

Американските медиуми пишуваат дека Натали Портман и Бенџамин Милепид минатата година живееле одвоено, а иако се чинеше дека во меѓувреме успеале да ги надминат проблемите во врската, новото сознание за неговата прељуба повторно го потресе бракот. Извор близок до парот вели за Page Six: „Тие не се разделија и се обидуваат да ги решат работите. Бен прави се што може за да ја натера Натали да му прости. Тој ја сака неа и нивното семејство“. Познатата актерка е позната по тоа што својот приватен живот го држи подалеку од јавноста, а моментално нејзиниот најголем фокус е заштитата на нејзините деца.

Портман неодамна беше во Франција, каде го промовираше својот нов филм „May December“ во Кан, но нејзиното друштво всушност не е нејзиниот сопруг.

Гласините велат дека на снимањето на новиот филм на Портман, кој се снимаше во ноември минатата година, беше јавна тајна дека таа и Милепид имале проблеми во нивниот брак.

Иако парот беше снимен како разменува нежности на концертот на Бијонсе во Париз на крајот на мај, францускиот Voici деновиве објави дека поранешниот танчер на Њујоршкиот балет поминува време со гламурозната млада активистка за климата Камил Етјен, инаку пријател на еко активистката Грета Тунберг. Етјен сними неколку кратки филмови за заштита на природата и ја напиша книгата „For an Ecological Uprising: Overcoming Our Collective Powerlessness“.

Портман и Милепид се запознале во 2009 година на снимањето на нејзиниот филм „Black Swan“ награден со Оскар, за кој тој правел кореографија. Пред неа Французинот беше во долга врска со колешката танчерка Изабела Бојлстон. Тие се верија во 2010 година, а две години подоцна се венчаа во Биг Сур, Калифорнија.

Портман беше бремена со нивното прво дете кога го прими Оскарот за најдобра актерка во 2011 година, а на церемонијата рече: „На мојата прекрасна љубов, Бенџамин Милепид, кој ја направи кореографијата на филмот и сега ми ја даде најважната улога во мојот живот“. – покажувајќи на нејзиниот стомак.

Двојката ги има синот Алеф и ќерката Амалија.

Слични содржини