Брауни со авокадо, поздрава верзија на омилениот десерт

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

1 авокадо, излупено и исечено
2 јајца
50 гр шеќер
60 мл јаворов сируп
3 лажици путер
1 лажичка екстракт од ванила
40 гр какао во прав
50 гр бадемово брашно
1 лажичка инстант кафе
1 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка сол
80 гр темно чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во плех ставете мрсна хартија и дополнително подмачкајте ја по желба. Оставете малку од хартијата да излезе од работ на плехот.

Ставете го авокадото, јајцата, шеќерот, јаворов сируп, путерот и екстрактот од ванила во садот на процесорот за храна или блендерот. Мешајте со блендер додека не добиете целосно изедначена смеса. Потоа додадете какао во прав, бадемово брашно, инстант кафе, сода бикарбона и сол. Мешајте додека не добиете мазна смеса.

Додадете 40 грама сечкана чоколада или чоколадни снегулки во блендерот и измешајте неколку пати за грубо да се соединат со остатокот од смесата. Добиеното тесто ставете го во подготвениот плех и измазнете го врвот. Посипете го остатокот од чоколадните снегулки преку тестото.

Печете 25 до 30 минути. Оставете ги во садот за печење половина час, а потоа извадете ги.

Слични содржини