Бразилска новинарка се удави обидувајќи се да си ги спаси кучињата

од desk2
168 прегледи

Бразилската ТВ-ѕвезда Каролин Битенкорт е најдена мртва по неколкудневна потрага по неа.

Битенкорт исчезна за време на бурата што го зафати Сао Пауло, а спасувачките екипи го најдоа и извлекоа нејзиното безживотно тело од морето во близина на островот Илјабела.

Манекенката и новинарка била на одмор на брод со сопругот Хорхе Сестини. Кога почнала бурата, нејзините кучиња паднале во водата и таа скокнала по нив, обидувајќи се да ги спаси. Веднаш по неа скокнал и сопругот.

Спасувачите успеаја да го извлечат него, но не и да ја најдат Каролин.

Денеска беше соопштено дека само го нашле нејзиното безживотно тело.

Слични содржини