Бред Пит има нов имиџ (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Еден од омилените актери во Холивуд, барем кога станува збор за жените, актерот Бред Пит (57), реши да го смени својот долгорочен изглед, и како тоа да го направи најлесно, освен со нова фризура.

Папараците го фотографирале на излегување од канцеларија во Лос Анџелес, а тој бил во сосема лежерна облека; патики, искинати фармерки, широка јакна …

Сепак, она што никој не го пропушти е неговата нова „фризура“, особено кога се сврте.

Заборавете на Бред Пит со „обична“ фризура, бидејќи холивудскиот срцекршач кој носи титула еден од најубавите актери, верувале или не, има опашка!

Го познаваме и кога е елегантен и кога е во „лежерна“ варијанта, како и сега, и признаваме дека овој стил одлично му одговара.

И, секако, има и маска, како доказ дека актерот ги почитува пропишаните мерки поради пандемијата.

Слични содржини