Бредли Купер и Џиџи Хадид прегрнати на прошетка низ Лондон

од Vladimir Zorba

Веќе не е тајна дека врската на Бредли Купер и Џиџи Хадид стана сериозна, особено откако парот вчера се прошета низ Лондон држејќи се за рака.

Во четвртокот актерот и манекенката де факто ја потврдија врската кога беа забележани на аеродромот без ништо да кријат, подготвени да патуваат заедно.

Сега е јасно каде одеа, а низ лондонските улици прошетаа во интересни модни комбинации – Купер со огромна сина капа на главата, црн капут, шарени панталони и неговите омилени патики Најк, додека Џиџи Хадид го привлече вниманието во кожна јакна, шик памучни панталони и хит мокасини.

Слични содржини