Британец дивеел во авион: Удирал по седиштата, прозорците и патниците (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Британецот Вилијам Стивен Хејс (39), кој летал со авион на компанијата „Вирџин Атлантик“ од Лондон до Лос Анџелес, е уапсен под сомнение дека ги нападнал членовите на екипажот, поради што летот бил пренасочен кон Солт Лејк Сити.

Во соопштението на полицијата во Солт Лејк Сити се наведува дека авионот на „Вирџин Атлантик“ слетал во Јута откако Хејс се вознемирил за време на летот, што предизвикало интервенција на екипажот кој морал да го заузда, пренесува АП.

Додека бил врзан, Хејс ги клоцал седиштата и прозорците на авионот, повредувајќи некои членови на екипажот и еден патник.

Во соопштението се додава дека никој не е сериозно повреден.

По слетувањето во Солт Лејк Сити, Хејс бил одведен во окружниот затвор, а полицијата соопштила дека случајот бил предаден на федералните обвинители, кои обично имаат јурисдикција за меѓународни летови.

Авионот потоа го продолжил летот за Лос Анџелес.

Слични содржини