Британија започнува со воведување на вакцината Модерна, половина од населението веќе е вакцинирано

Велика Британија во среда во Велс започнува со воведување на вакцината Модерна и очекува вакцината да биде достапна во остатокот од Велика Британија во наредните денови како поттик за здравствениот систем на земјата откако масовната вакцинација започна да се забавува.

Модерна ќе биде третата вакцина што ќе се користи во Велика Британија по вакцините Оксфорд-АстраЗенека и Фајзер, а тоа се случува во време кога испораките на вакцини од АстраЗенека почнуваат да се забавуваат поради проблеми со производството, вклучително и производството во Индија, пренесува Ројтерс

“Воодушевен сум што денес можеме да започнеме со воведување на вакцината Модерна во Западен Велс. Денес ја започнуваме третата одобрена вакцина. Каде и да живеете, кога ќе ве повикаат, земете ја вакцината”, рече државниот секретар за здравство и благосостојба Мет Хенкок

Премиерот Борис Џонсон ги повика луѓето да се вакцинираат веднаш штом ќе бидат поканети.

Велика Британија вакцинираше 31,6 милиони луѓе со првата доза и администрираше 5,5 милиони со втората доза. Наскоро ќе вакцинира половина од вкупната популација.

Израел е светски лидер во вакцинирање на своето население против КОВИД, проследено со Обединетите Арапски Емирати, Чиле, Велика Британија, САД, Бахреин, Србија и Унгарија.

Слични содржини