Британска пиварница најде начин да се справи со отпадоците од храна, па ги претвори во еден од најомилените пијалоци на Британците, пишува “Индипендент”.4628325

Подготвувачите нашле начин да користат леб во производството, откако откриле дека домаќинствата во Велика Британија исфрлаат најмалку 24 милиони парчиња леб годишно. Во производниот процес се користат непродадениот леб и други непотребни производи во пекари, производители на сендвичи и др.

Целта на проектот е да се справиме со глобалниот проблем со отпадоци од храна. Пивото произведено во источен Лондон, ќе се продава на интернет за 3 фунти од шише. Тие се подготвува, така што се меша вишокот леб со засладен јачмен, хмељ и квасец.

Сите приходи од пивото ќе одат за организацијата “Feedback”, која има за цел да го намали хранливиот отпад на  половина до 2030 година. Според статистиката само во Велика Британија 15 милиони тони храна се расфрла и се исфрла во кофа секоја година. Лебот е најфрланиот прехранбен производ. Организацијата соопшти дека со фрлената од домаќинствата храна секоја година може да се спречи неухранетост на 26 милиони луѓе низ целиот свет.

Слични содржини