Британската бринета повторно во акција: Исечете ми ја пицата на осум парчиња, затоа што неможам да изедам 12 (видео)

од Vladimir Zorba
95 прегледи

 

Британската бринета Џени Дејвис (22) повторно го „воодушеви“ светот со нејзиното непознавање и идиотизам.najsurovata-shega

Дејвис стана позната, откако нејзиното момче 24-годишниот пранкстер Бред Холмс почна да објавува видеа на кои таа со своите одговори и постапки покажува дека е несекојднево „глупава“.

Овој пат Дејвис е соочена со многу едноставно прашање од страна на Холмс: Ако отидеме во ресторан и ако келнерот те праша дали пицата да ти ја исече на осум или 12 парчиња, што ќе му одговориш?

– Да ми ја исече пицата на осум парлиња, затоа што не би можела да изедам 12, гласи брзиот одговор на Џени.

Сите обиди да Холмс да и објасни дека количеството на пица е исто без разлика дали е поделена на осум или 12 парчиња остануваат безуспешни. Џени е упорна дека 12 парчиња ќе и се многу, затоа што не сака да се здебели.

Сепак, многумина сметаат дека Џени воопшто не е глупава како што се прикажува во видеата, туку дека станува збор за смислена тактика на Дејвис и Холмс за стекнување слава.