Британски бизнисмен ја „заробил душата“ на „ангел“ на Викторија Сикрет

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот супермодел и „ангел“ на Викторија Сикрет, Тејлор Хил ја објави веридбата со своето момче Даниел Фрајер. Таа сподели убав момент на Инстаграм и објави неколку фотографии.

Двојката беше во италијанскиот град Соренто кога одеднаш Даниел клекнал свечено и ја запросил Тејлор да се омажи за него. Нормално, гестот е придружен со прстен со три дијаманти, а како одговор Хил „пука од среќа“.

„Мојот најдобар пријател, моја сродна душа, секогаш ќе те сакам!“, споделува моделот.

Двојката за прв пат беше забележана во јавност во февруари 2020 година. Непосредно пред тоа, Тејлор раскина со Мајкл Стивен Шенк.

Познато е дека Фрајер е британски бизнисмен и директор на Cannatlantic, консултантска компанија за глобалната индустрија на канабис.

Слични содржини