Британскиот сој доминира во источна Австрија: Застапен е во дури 80% од случаите со ковид 19

од Берта Китинска

Во источна Австрија, која ја вклучува Виена, британскиот вид забрзано се шири.

Министерството за здравство тврди дека уделот на британскиот вид достигна 57 проценти во цела Австрија, а на истокот, таа мутација е веќе причина за болеста во 80 проценти.

„Трендот е дека има релативно големо присуство на британскиот вид на истокот на Австрија, а помалку на запад, особено во провинциите Ворарлберг и Тирол“, изјави вирусологот Андреас Бергталер од истражувачкиот центар за молекуларна медицина на Австриската академија на науките.

Во провинцијата Бургенленд, уделот на британскиот вид е моментално 77 проценти, а во Виена 66 проценти. Во Тирол и Ворарлберг, учеството на британскиот вид е помеѓу 40 и 50 проценти.

Слични содржини