Бројот на загинати во пожарот во центарот на Москва се искачи на седум

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на загинати во пожарот, кој во неделата избувна во магацин за цвеќиња во центарот на Москва, се искачи на седум, изјави денеска за ТАСС официјален претставник на итната служба.

Пожарот кој избувна вчера околу 15 часот во магацин за цвеќиња на плоштадот Комсомолски во центарот на Москва, зафати 2.500 квадратни метри.

На пожарникарите им биле потребни девет часа за да го изгаснат пожарот.

Слични содржини