„Бројни нелегални супстанци“: Откриени резултатите од обдукцијата на внукот на Роберт де Ниро

од Stefanija Kuzmanovska

Леонардо де Ниро, внукот на легендарниот актер Роберт де Ниро, почина пред повеќе од еден месец на 19-годишна возраст.

Тажната вест ја потврди мајката на момчето, Дрина, а набрзо се дозна дека покрај телото на Леонардо била пронајдена чинија со бел прав.

Се сомневаше дека починал од предозирање со фентанил, а сега тоа го потврдија и лекарите. Имено, како што пишува „Дејли Меил“, Леонардо починал од „токсична“ комбинација на нелегални дроги, вклучувајќи фентанил и кокаин, а неговата смрт се смета за несреќен случај.

Резултатите од обдукцијата на 19-годишното момче беа објавени во „Њујорк пост“ и беше откриено дека младиот човек во моментот на смртта имал бројни недозволени супстанци во телото.

Да потсетиме, американскиот ТМЗ објави дека полицијата привела жена за која се верува дека е одговорна за предозирањето на Леонардо, а во истрагата е вклучен и ФБИ, бидејќи се сомнева дека гореспоменатата жена му продала дрога на Леонардо која била измешана со голема доза на фентанил, а тој не знаел за тоа.

Слични содржини