Брус Вилис зборуваше јавно за првпат по дијагнозата на деменција (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Брус Вилис го прослави својот 68-ми роденден опкружен со своето семејство, кое сподели видео од прославата на социјалните мрежи во неделата.

Поранешната сопруга на ѕвездата од „Die Hard“, Деми Мур (60) на Инстаграм го објави моментот кога семејството на Вилис му пее роденденска песна.

Вилис може да се слушне како зборува со своето семејство – вклучувајќи ги неговата сопруга Ема Хеминг Вилис (44) и ќерките Румер (34), Скаут (31) и Талула (29).

Ѕвездата на „Дух“ напиша под објавата: „Среќен роденден, БВ! Многу ми е мило што можеме да те прославиме денес. Те сакаме и го сакаме нашето семејство. Ви благодариме на сите за љубовта и топлите желби – сите ги чувствуваме“.

Минатиот месец, семејството Вилис објави дека на актерот му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција (FTD) која влијае на лобусите на мозокот зад челото. Симптомите вклучуваат промени во личноста, опсесивно однесување и вообичаени тешкотии во говорот.

Не постои познат лек.

Слични содржини