Бугарски аналитичар: Ретроградните сили во Скопје и Софија не сакаат решавање на спорот

од Nikola Popovski

Бугарскиот аналитичар Владимир Владимиров смета дека секој човек кој го следел развојот на спорот меѓу Македонија и Бугарија знае дека многу политичари од двете страни придонеле за да се најдеме во оваа ситуација.

-Влеговме во таков ќор-сокак од кој тешко ќе излеземе. Можам да тврдам дека надворешните сили, трети држави учествуваа во овој спор. Секој кој би предложил решение преку разумни чекори и во двете земји ќе биде нападнат со фрази како предавник, вели Владимиров во изјава за ТВ Сител.

Според него, ретроградните сили во двете држави не сакаат да имаме решавање на спорот.

-Сметам дека со ваквиот предложен пристап од страна на Петков има големи шанси работите да влезат во пријателска и прагматична фаза, во која и би требало да бидат односи меѓу нас. Оптимист сум, додава Владимиров.

Слични содржини