Бушати се сретна со лидерите на Самоопределување

од desk2

Лидерот на косовското опозициско Движење Самооpределување (ВВ), Албин Курти и шефот на пратеничката група на партијата, Глаук Коњуфца синоќа се сретнаа со министерот за надворешн работи на Албанија, Дитмир Бушати и албанскиот амбасадор во Косово, Ќемал Минџози.

Како што соопшти ВВ, на средбата во Приштина се разговарало за значењето на добрите односи и широката соработка меѓу Косово и Албанија на сите полиња – политички и економски, институционални и општествени.

– Посебно се разговараше за најновиот дијалог со Србија, за што претседателот Курти нагласи дека, од една страна, говорот на претседателот на Србија во Митровица покажа дека криминалното минато е актуелно, додека, од друга страна, Источно Косово (Прешевската Долина, н.з.) се користи како мамка од претседателот (Хашим) Тачи за да обезбеди политичка и јавна поддршка, што многу му недостасува, се вели во соопштението.

Министерот за надворешни работи на Албанија Бушати синоќа од Скопје допатува во Приштина, каде што денеска ќе има официјални средби со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, шефот на дипломатијата Беџет Пацоли и претседателот на Собранието, Кадри Весели.

Слични содржини