27
Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски денеска соопшти за две големи заплени на царинските службеници.
На граничен премин Блаце запленети се 36,4 килограми опојна дрога марихуана, додека на граничен премин Јажинце запленети се 7.847 ленти разни лекови.
Според Николовски, ваквите дела се јасен доказ за високото ниво на дисциплина остварено во изминатиот период, како и високата посветеност на царинските службеници во борбата со сите облици на криминал.
-Бројот на случаи на заплени во периодот од први јули до 30 септември годинава е поголем за 70 проценти во однос на истиот период минатата година, порача меѓу другото директорот на Царината.